Лига на шампиони
Анчелоти: Еден тим изгледа перфектно во Европа, но клучните натпревари се играат во март и април
Карло Анчелоти се врати во родната Италија за време на празниците и направи предновогодишно интервју со „Раи Радио 1“, разговор при кој опфати доста актуелни теми, вклучувајќи ги и настапите на најсилните тимови во Европа со новиот формат во Лигата на шампиони.
За разлика од обично, апсолутните фаворити сега не се истакнуваат така доминантно како во претходната групна фаза која беше актуелна со децении, но Карло е убеден дека Реал Мадрид полека го фаќа потребниот залет, по што ќе биде во најдобра форма за клучниот дел од сезоната.
Италијанецот отсекогаш велел дека формата треба да се темпира за месец март и април, па истото размислување го има и сега во ситуација кога Реал ја брани титулата во Лигата на шампиони.
До овој момент, Ливерпул изгледа како тим кој делува безгрешно на теренот во Премиер лигата и Лигата на шампиони, но Анчелоти смета дека поважно за неговиот тим е да биде подобар од нив во финишот од сезоната, а не на почетокот како што беше случај на „Енфилд Роуд“.
– Финалето во Лигата на шампиони секогаш е цел за Реал Мадрид. Нашиот пат оваа сезона е потежок од обично, но ни преостануваат уште два натпревари од воведната фаза и најважно е да се пласираме понатаму.
– Има еден тим кој изгледа перфектно до овој момент и јасно е дека тоа е Ливерпул. Ќе видиме дали тоа ќе остана така и понатаму, најважно е да се биде најдобар на клучните натпревари во месец март и април, – потенцира Анчелоти.
-
Светски првенства22 часа
Лазаров: Мора да поработиме на еден сегмент пред натпреварот со Австрија
-
Светски првенства21 час
ИХФ ги промени сатниците: Македонија двапати ќе игра во непопуларен термин
-
Светски првенства22 часа
Реакција на РФМ по случувањата во Вараждин: Дојдовме во мир, а дочекавме грубо да претресуваат жени и деца!
-
Светски првенства23 часа
Кузмановски со величествен гест воодушевил 40 македонски навивачите пред натпреварот со Гвинеја
-
Репрезентација11 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Шпанија14 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот
-
Шпанија13 часа
Карло со ироничен „поздрав“ до шпанската јавност: Има денови кога играме многу лош фудбал, но Реал и натаму…..
-
Шпанија23 часа
Официјално: Династијата „Флорентино Перез“ доби седмо продолжение во Реал Мадрид (Фото)