Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Еден играч си го ставаше пешкирот на глава за да не ме слуша…..

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти во ексклузивниот разговор со специјалниот соговорник Џакомо Порети отвори теми кои ретко кога биле опфатени во некое интервју, а познатиот актер од Дон Карло успеа да извлече една изјава која навистина привлече големо внимание во јавноста.

Актуелниот тренер на Реал Мадрид важи за човек кој најдобро се справува и извонредно управува со големи фудбалски ѕвезди, па бидејќи ужива статус на стручњак кој најчесто го сакаат сите фудбалери, Италијанецот реши да открие дека во својата долга тренерска кариера во многу наврати имал караници со незадоволни играчи.

Анчелоти уверува дека не е се така идилично и лесно какошто изгледа во ТВ преносите, па реши да открие дека еден фудбалер употребувал необичен метод за да не ги слуша неговите излагања во соблекувалната.

– Многу играчи имале проблеми со мене, но на крајот обично секогаш сум ги решавал проблемите. Имаше еден фудбалер кој си го ставаше пешкирот на глава за да не ме слуша што зборувам. Нема да го кажам неговото име, но станува збор за играч кој беше на почетокот на својата кариера.

– Има играчи кои откако ќе ги оставите на клупата, следното утро имаат проблем да ве поздрават. Во тој момент доаѓа до непотребно мешање на поимите професионален и личен проблем, – вели Карлето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни