Шпанија
Анчелоти дрско му возврати на Симеоне: Сите знаеме зошто Реал е трн во око…

Диего Симеоне отпочна нова „војна на зборови“ со Реал Мадрид кога доби прашање да го коментира недосудениот пенал за Селта Виго, став кој брзо стана топ тема во шпанската спортска јавност.
Аргентинскиот стручњак им порача на новинарите дека не треба да бидат изненадени од сценарија кои се повторуваат во шпанскиот фудбал веќе 100 години, алудирајќи на тоа дека Реал традиционално добива помош од арбитрите како што според него било случај и пред неколку дена во Купот.
Симеоне со зајадлива изјава на сметка на Реал: Не знам зошто сте изненадени
Оваа изјава на тренерот на Атлетико Мадрид се пренесе и на прес-конференцијата која ја одржа Карло Анчелоти, со тоа што за разлика од обично, искусниот Италијанец сега реши дрско да му возврати на својот колега.
– Изјави како онаа на Чоло се даваат за да се направи шоу. Цел фудбалски свет е свесен што претставува Реал Мадрид и каква историја има овој клуб.
– Сите знаат какви вредности претставува Реал во својата 125-годиша историја. Цел свет знае дека Реал е симбол за успех, претпоставувам дека за некој тоа е трн во око кој навистина знае да боли, – гласи одговорот на Анчелоти.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија8 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег