Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти дрско му одговори на Чави: Не паѓам на тоа ниво……

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Чави Ернандес отворено говори против судиските одлуки кои смета дека го фаворизираат Реал Мадрид во последно време, а тренерот на Барса е особено гласен откако најави дека го напушта клубот на крајот од сезоната.

Во најавата за денешниот меч со Алавес, Чави ги повтори зборовите на претседателот Лапорта и заклучи дека шпанското првенство се фалсификува со одлуки како оние на мечот со Алмерија, па повеќе од јасно беше дека Карло Анчелоти ќе добие прашање на оваа тема на денешниот прес.

Италијанскиот стручњак го подготвува својот тим за третото дерби со Атлетико Мадрид во последните три недели, а во најавата за истото мораше да даде одговор за зборовите на Чави кои станаа топ тема на Пиринеите.

Дон Карло реши да не спадне на нивото на Чави и доста дрско му одговори на својот колега, за кого имаше само добри зборови во моментите кога Ернандес најави заминување од Барселона.

– Јас сум голем професионалец и како таков, нема да спаднам на тоа ниво. Од почит кон шпанскиот фудбал, нема да спаднам на тоа ниво и да продолжам да зборувам на таа тема. Не ми поставувајте повеќе прашање за тоа, тоа ниво е непрофесионално и не планирам да паѓам толку ниско, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни