Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Брахим Дијаз многу ретко добиваше шанса од стартот на сезоанта, но во последно време се претвора во „џокер“ во стартната постава на Карло Анчелоти и максимално го користи отсуството на клучни фудбалери.

Италијанецот се најде во ситуација посебно да смета на поранешниот играч на Милан во ситуација кога не може да смета на Винисиус, Камавинга и Чуамени, а Брахим својот нов старт го одбележа со постигнат гол и со учество во акцијата за вториот гол.

Гранада се покажа како полесен тренинг за Реал Мадрид и во ниту еден момент не беше вистинска закана за „кралевите“, кои без да форсираат премногу, остварија рутински триумф од 2:0.

Брахим го отвори резултатот во првиот дел по додавањето од Тони Крос, додека во вториот дел учествуваше во акцијата во која одлично го проигра Белингем, но во која гол постигна Родриго.

Реал можеше да постигне и трет и четврт погодок на оваа средба, но на крајот се задоволи со два и со нови три бода се врати на врвот на табелата во Ла Лига (има подобра гол разлика од Џирона).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни