Шпанија
Анчелоти доби уште една лоша вест, овојпат од Бразил
Карло Анчелоти побара само една работа по мечот со Бетис во шпанската Ла Лига, односно посака сите репрезентативци да му се вратат здрави за десетина дена во ситуација кога пред Реал Мадрид е навистина згуснат распоред до крајот на сезоната.
Оваа изјава на Италијанецот за жал се покажа како еден вид на најава за лоши вести, бидејќи по повредите на Орелијан Чуамени и Ферлан Менди кои беа ослободени од Франција, експресно во Мадрид ќе се врати и Едер Милитао.
Стоперот заработи повреда на мускулот и истата била детектирана од страна на бразилскиот медицински тим, кој преку соопштение долови дека била направена и магнетна резонанца.
Иако повредата не е сериозна, прогнозата вели дека дефанзивецот ќе мора да паузира барем две недели, што значи дека Анчелоти ќе има навистина тешка задача да ја „скрпи“ одбраната на тешкото гостување кај Реал Сосиедад.
По повредата на Милитао, единствен здрав стопер е Антонио Ридигер, стандардниот резервист Хесус Валјехо се уште е ровит и прашање е дали ќе биде „фрлен во оган“, додека неизвесен за настап е и алтернативата Чуамени.
-
Светпред 19 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
АТПпред 16 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Светпред 22 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
Италијапред 20 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Светпред 22 часа
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Светпред 14 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Италијапред 24 часа
Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо
-
АТПпред 21 час
Вавринка го состави идеалниот тенисер, Федерер и Ѓоковиќ пред Надал (ВИДЕО)