Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти доби лоша вест од лекарскиот тим по големата „Ел Класико“ победа (Фото)

Објавено

на

Карло Анчелоти беше импресиониран од дефанзивното залагање на сите свои фудбалери на вчерашното „Ел Класико“ дерби против Барселона кое Реал Мадрид го доби со 1:2, натпревар на кој тренерот на гостите мораше да вади од игра фудбалер кој претходно го вметна како резерва.

Феде Валверде влезе во игра во 72-та минута заменувајќи го Родриго, но 20 минути подоцна беше повлечен во судиското надополнување и во прв момент се чинеше дека станува збор за тактичка замена.

Сепак, ова попладне излезе информација дека Валверде заработил повреда на коленото по еден доскок во дуел со Пике, поради што ќе биде надвор од терените извесно време.

Станува збор за истегнување на лигаментот и Уругваецот ќе мора да направи пауза, повреда која ја потврди и самиот играч за врска преку социјалните мрежи.

– Среќен сум за тимот кој даде се на теренот и за тоа што ги донесовме трите бода дома, но тажен сум за ударот кој ме остава надвор од терените неколку денови. Се надевам дека ќе се вратам што побрзо во обидот да остваруваме нови победи и да се задржиме највисоко на табелата, – порача Валверде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни