Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти даде јасен одговор за најавениот крај во Реал: Сакам да си одам заедно со Флорентино (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Угледното шпанско радио „Онда Серо“ вчера излезе со ексклузива дека Карло Анчелоти ќе стави крај на својата втора етапа во Реал Мадрид по крајот на сезоната, вест која посебно доби на значење во најавата за натпреварот против Салцбург во Лигата на шампиони.

24 часа по веста која се прошири во Шпанија, италијанскиот стручњак доби шанса самиот да ги расчисти шпекулациите на оваа тема, а притоа се обрати со голема насмевка на лицето и со став кој ќе израдува голем дел навивачи на Реал.

– Веста за мое заминување? Не, не…….. Сакам да бидам многу јасен на оваа тема……

– Јас никогаш нема да го означам датумот кога ќе си одам од овој клуб, тоа нема да го направам никогаш во мојот живот.

– Еден ден ќе дојде време да се разделиме, но не знам кога ќе биде тоа, не одлучувам јас. Може да биде утре, може за неколку меча, може за една, или четири години. Флорентино Перез ќе остане тука уште четири години со новиот мандат, па моја цел е да си одиме заедно. Би било убаво да си заминеме заедно, – изјави Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни