Шпанија
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!

Реал Мадрид се избори за победа на гостувањето кај Вилјареал, терен кој традиционално е многу тежок и незгоден за шпанскиот шампион и доказ за тоа е што ова беше прво славје по осум години.
„Кралевите“ триумфираа со пресврт со двата гола кои ги постигна францускиот репрезентативец Килијан Мбапе.
-Тимот успеа да го издржи тешкиот момент, кој беше во првиот дел од двете полувремиња. Потоа малку по малку почнавме подобро да се справуваме со топката и баравме можности. Два гола дојдоа од Мбапе, и неколку контра напади кои можеа да бидат подобри во вториот дел.
-Јас сум многу горд. Ова беше незгоден меч, поради се што се случи, поради часовите за одмор и поради силата на противникот кој е добар тим, но физички се разводнивме. Тимот на крјаот беше исцрпен, тоа е сосема нормално. Ова е победа која кажува многу за овој тим и за ресурсите на овој тим, -рече Карло Анчелоти.
Италијанецот воедно јасно порача или го пренесе ставот на клубот дека нема повеќе де играат под овие околности, односно ако не се испочитува правилото да имаат најмалку 72 часа одмор меѓу два натпревари.
-Објаснувањето е дека овој тим има нешто посебно, карактер, посветеност, не можат секогаш да го прават тоа, понекогаш дури и се лутам на нив. Мораме да им се заблагодариме на овие играчи за нивниот огромен напор од 3 јануари. Уште повеќе денес. Ова е последен пат да играме пред 72 часа.
-Никогаш повеќе нема да го направиме тоа. Двапати побаравме од Ла Лига да го смени распоредот и ништо не се случи. Ова е последен пат кога игравме натпревар без 72 часа одмор. Нема да играме ако тоа се повтори, -потенцираше стратегот.
-
Шпанија13 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Шпанија18 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Англија17 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Европски купови6 часа
Алкалоид го „тресна“ Рунар и си го отвори патот кон финалето на Европскиот Куп
-
Англија10 часа
Сарабија со мајсторија донесе историја за Вулвс на „Олд Трафорд“, Арсенал и Челси остварија победи на гостински терен (Видео)
-
Лига на шампиони18 часа
Фердинанд типуваше кои два тима ќе играат во финалето во Минхен и го потврди својот јасен фаворит за трофејот во ЛШ
-
Шпанија14 часа
Ансу Фати долго се загреваше, па целосно „експлодираше“ откако беше вратен на клупата за резерви (Видео)
-
НБА17 часа
Минесота направи „брејк“ во Ел-Еј, Детроит не успеа да го изненади Њујорк