Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти: Бензема и Халанд имаат само една заедничка работа

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти порача дека Реал Мадрид ќе се фокусира на Манчестер Сити како тим и нема да прави тактика за да се сопре најголемата опасност наречена Ерлинг Халанд, но притоа, Италијанецот не штедеше комплименти за неверојатниот норвешки голгетер.

Дон Карло смета дека Сити игра доста подиректно од лани токму поради присуството на напаѓачот во стартниот тим, а за време на прес-конференцијата, Анчелоти направи и мала паралела за ударните голгетери на двата тима.

Карим Бензема со години наназад прави неверојатни работи во Лигата на шампионите, но посебно е добар во ова натпреварување откако остана осамен како ударна игла во нападот на „кралевите“.

– Знам дека сите очи може да бидат вперени кон двајцата напаѓачи, но тие се комплетно различни. Тие имаат висока реализација на искористени шанси и тоа им е единствена заедничка работа.

– Целосно гледано, тие се сосема различни. Бензема е повеќе вклучен во градењето на акциите, додека Халанд е истурен и физички многу силен. Сосема се различни и поради тоа ќе биде задоволство да се гледаат на ист терен, – изјави Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни