Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Белингам може да се носи со притисокот

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид ќе се обиде да го задржи перфектниот скор во Ла Лига и по петтото коло, а еден од главните адути на Карло Анчелоти повторно ќе биде Џуд Белингам.

Англискиот репрезентативец им се враќа на клупските обврски, па фановите имаат големи очекувања со оглед на досегашната форма и бројот на постигнати погодоци.

Новинарите го прашале Анчелоти дали Белингам ќе го издржи притисокот со оглед на возраста и фактот што ова му е прва сезона во дресот на Реал.

– Тој е многу фокусиран и не е фудбалер кој може да ја загуби главата.

– Не знам колку голови може да постигне, но знам дека има силен карактер и убеден сум дека е подготвен за притисокот кој го создава дресот на Реал, – истакнал Анчелоти.

„Кралскиот клуб“ вечерва го пречекува Реал Сосиедад од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни