Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Барселона создава моќен тим

Објавено

на

Барселона има супер активен и одличен преоден рок со кој изненади многумина во фудбалската јавност со оглед на финаниската состојба во клубот.

Каталонците повлекоа неколку потези, неколку договори со кои дојдоа до средства со кои ги ангажираа Роберт Левандовски, Рафиња, Жил Кунде, Франк Кеси, Андреас Кристенсен како и талентираниот Пабло Торе.

Се најавуваат уште неколку потенцијални засилувања како Сезар Азпиликуета, Маркос Алонсо и Бернардо Силва (во случај да си замине Френки Де Јонг) што значи дека тренерот Чави Ернандес би имаш уште посилен тим од тоа што сега го има на располгање.

Во Мадрид внимателно се прати тоа што се случува во Барселона, па искрен коментар околу потезите, завршената работа имаше тренерот на „кралевите“, Карло Анчелоти.

-Ништо повеќе не ме чуди во фудбалот. Барселона создава моќен тим, ама јас се грижам за мојот. Ние ја почитуваме Барселона, -порача Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни