Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти: Ако не даде 10 гола сезонава, ќе ја искинам тренерската лиценца!

Објавено

на

Реал Мадрид продолжи да победува, а последна жртва беше РБ Лајпциг кој падна на „Сантијаго Бернабеу“ со резултат 2-0.

Бранителот на титулата во ЛШ уште еднаш покажа дека знае да се снајде и без својот најдобар играл, голгетер Карим Бензема, односно има играчи кои преземаат одговорност и носат победи. Еден од нив е Федерико Валверде кој одново даде убав погодок, па токму за него занимлив коментар имаше тренерот Карло Анчелоти.

-Му кажав на Валверде дека ако не даде барем 10 гола оваа сезона, ќе ја искинам тренерската лиценца и ќе си заминам.

-Она што беше чудно лани е што постигна само еден гол, мислам во Суперкупот. Вечерва го изведе ударот со левата нога. Никогаш не сум го видел да шутира така со левата нога, па тоа покажува дека е сигурен во своите способности, кои ги има многу.

-Тој е повеќе од само енергија. Но, за да кажеме дека е најдобар во светот на својата позиција, можеби ќе треба да почекаме уште малку, -рече Анчелоти.

Уругваецот во актуелнава кампања погоди уште против Мајорка и Селта Виго во Примера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни