Поврзете се со нас

Свет

Анализата за ЕП во втор план: Поранешен играч на Баерн и Евертон шокираше со фризурата во ТВ преносот (Фото)

Објавено

на

Лендон Донован важи за еден од најдобрите американски играчи во историјата на фудбалот, но поради квалитетите кои ги поседуваше, офанзивниот фудбалер имаше кратки етапи и во Европа.

Донован се испроба во тимови како Леверкузен, Баерн Минхен и Евертон, меѓутоа најдобриот впечаток го остави како американски репрезентативец каде важи за најдобар голгетер и најдобар асистент во историјата.

Напаѓачот беше фудбалски активен до пред пет години и од клупски план најмногу се памети неговиот престој во ЛА Галакси, но сега американската легенда шокираше со најновото појавување во јавноста, а причина за тоа е неговата фризура.

Лондован вчера давал стручна анализа за „Фокс Спортс“ за време на натпреварот меѓу Франција и Австија, но најмногу привлече внимание поради изгледот на неговата коса.

Американецот наиде на жесток сеир на социјалните мрежи, а коментарите и споредбите на моменти се и навистина брутални.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни