Поврзете се со нас

Италија

Анализа на славниот ас: Дел Пјеро ја посочи клучната разлика меѓу Интер и Јувентус

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Juventus

Интер славеше над Јувентус (1-0) во големото италијанско дерби и уште еднаш потврди дека е најсериозен кандидат за титулата во Серија А во кампањата 2023/2024.

„Нероаѕурите“ не постигнаа гол, меѓутоа автоголот на дефанзивецот Гати беа доволно тие да го забележат 18. триумф во Калчото и избегаат на четири бода во однос на ривалот од Торино. Ако на ова се додаде дека Интер треба да одигра уште еден меч за да се израмни со „бјанконерите“ тогаш повеќе е јасно е зошто четата на Симоне Инѕаги е во пол позиција да го врати Скудетото во своите витрини.

Италијанската легенда, Алесандро Дел Пјеро го следеше натпреварот и по истиот направи кратка анализа притоа посочувајќи ја клучната разлика меѓу двата тима.

-Ја видовме разликата помеѓу тим кој достигна зрелост во сè. Стил на игра, самодоверба, тим кој знае кога да нападне, а кога да се брани. Интер е многу обединет. Од друга страна, Јувентус мора да дава голови кога има шанса. Тие мора да бидат супер клинички ако сакаат да победуваат на вакви натпревари.

-Јувентус ќе биде многу добар на други вакви натпревари бидејќи е физички силен, затоа што останува добро на теренот и затоа што добро се брани. Сепак, нешто повеќе е потребно во натпреварите против директните ривали, а денес тоа го покажа Интер, -порача Алекс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни