Поврзете се со нас

Германија

Анализа на неверојатниот спринт на 90 метри: Бундеслигата откри која брзина ја достигнал Халанд (Видео)

Објавено

на

Ерлинг Халанд постигна два гола на отворањето на новата сезона во Бундеслигата, па така продолжи онаму кадешто застана во првата полусезона која ја комплетираше во германскиот фудбал.

Во премиерната победа на Борусија Дортмунд од 3:0 над Борусија Менхенгладбах, Халанд го постигна вториот гол на мечот од пенал, а неговиот втор за 3:0 се најде во центарот на вниманието поради страшниот спринг кој го изрежира Норвежанецот.

Фудбалскиот вундеркинг кој има 20 години претрча нешто повеќе од 90 метри, а сега официјалниот канал на Бундеслигата го анализираше неговиот фасцинантен спринт и изнесе интересни детали.

За време на неверојатниот трк, Халанд постојано имал просечна брзина над 30 километри на час, а максималната која ја достигнал е 35 километри на час, пред да остане мирен и да го матира голманот во манир на врвен стрелец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни