Поврзете се со нас

Евролига

Анадолу Ефес вторпат пресилен за Реал Мадрид

Објавено

на

Кошаркарите на турскиот клуб Анадолу Ефес стигнаа и до втората победа (91:68) во четвртфиналната серија против Реал Мадрид и веќе се на победа до пласман на фајнл-фор турнирот на Евролигата.

Ефес уште на полувреме имаше предност од 12 поени, а истата ја зголемуваше до крајот на средбата за рутински триумф против шпанскиот великан, кој повторно не ја мина границата од 70 поени.

Мициќ со 23 и Ларкин со 21 поен беа најрасположени за игра во победничката екипа, а стрелците кај Реал ги предводеше Томпкинс со 17 поени.

Турскиот тим веќе води со 2:0 и на првото гостување во Мадрид може да си обезбеди пласман на завршниот турнир на Евролигата.

Вечерва својот втор натпревар го играат и Милано и Баерн, а Италијанците водат со 1:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни