Поврзете се со нас

Евролига

Анадолу Ефес со убедлив старт против Реал Мадрид

Објавено

на

Турскиот претставник Анадолу Ефес оствари убедлива победа против Реал Мадрид (90:63) и на најдобар можен начин го започна настапот во четвртфиналето на кошаркарската Евролига.

На полувреме домаќините имаа предност од четири поени, но доминираа во следните дваесет минути и сосема заслужено стигнаа до предност во четвртфиналната серија против Реал Мадрид.

Решавачки беше третиот период во кој Ефес стигна до плус десет, а подоцна и ја зголеми предноста и го откажа противникот од враќање во мечот.

Бобоа со 19 и Санли со 16 поени беа најефикасни кај победникот, додека Томпкинс со 13 поени бил најдобар реализатор во редовите на Реал Мадрид.

По два дена следува вториот натпревар меѓу истите противници во четвртфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни