Поврзете се со нас

Евролига

Анадолу Ефес прокоцка голема предност, но обезбеди финале на Ф4 турнирот на Евролигата

Објавено

на

Анадолу Ефес доминираше во голем дел од натпреварот против ЦСКА Москва, но противникот не погоди шут за победа во последните секунди од првото полуфинале на фајнл-фор турнирот на Евролигата (86:89).

Турскиот претставник на полувреме водеше со 49:37, во третиот период неколку пати стигна до плус 21, а последната четвртина ја започна со предност од 16 поени.

Но, тоа не ја откажа ЦСКА, која играше одлично во последниот период и ја стопи предноста на Ефес, па на 7,8 секунди имаше напад во кој Клајбурн шутираше за три поени за победа, но не успеа да погоди.

МПВ играчот на сезоната, Василије Мициќ не ги одигра последните неколку минути откако заработи петта лична грешка, па тоа беше дополнителен проблем за Ефес, но избраниците на Ергин Атаман некако се провлекоа во финалето и ќе се борат за титулата.

Токму Мициќ со 25 поени беше најдобар реализатор, а го следеа Санли со 19 и Бобоа со 15 поени. Вил Клајбурн со 26 поени беше најдобар поединец во редовите на ЦСКА Москва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни