Поврзете се со нас

Евролига

Анадолу Ефес ја најави перфектната вечер на домаќините во Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Анадолу Ефес играат брилијантно во Евролигата во овој период, а најдобар доказ за тоа е вечерашната победа над Жалгирис од 89-62 што за нив беше седма во низа во ова натпреварување.

Домашниот тим имаше извонреден почеток и уште во првите десет минути се избори за двоцифрена предност (26-12) која продолжи да расте до крајот на полувремето (48-28). Избраниците на Атаман не му дозволија на противникот да мрдне ниту во вториот дел, па со плус 27 ја завршија оваа пресметка во Истанбул.

Ларкин со 18 и Мичиќ со 17 кошеви беа први стрелци, кај поразените Григонис беше автор на 14 поени.

Ова славје на Анадолу Ефес беше најава за доминацијата на домашните тимови затоа што потоа славеа Басконија, Олимпијакос и Валенсија за перфектни четири од четири за крај на 29. коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни