Поврзете се со нас

Евролига

Анадолу Ефес ја доби Барселона и во „Палау Блауграна“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Анадолу Ефес издвојуваа победа над Барселона со 88-86 во дуелот од 24. рунда во Евролигата.

Со ова турскиот претставник стана првата екипа која сезонава двапати ги победила каталонците во елитното натпреварување. Гостите водеа од почеток до крај и сосема заслужено се радуваа на триумф во „Палау Блауграна“, нивни петти во последните шест натпревари.

Српскиот репрезентативец Мициќ беше незадржлив, нерешлива енига за играчите на Барселона, па дуелот го заврши со 26 поени, 3 скокови и 5 асистенции, а добра поддршка му беше Ларкин со 19 кошеви.

Кај поразените Миротиќ „испука“ 24 поени.

Валенсија по две продолженија и 50 минути игра славеше над ЦСКА Москва со 105-103 и со тоа ја прекина серијата на порази во Евролигата. Ова за шпанскиот тим беше 12 победа и останува во игра за местата кои водат во плејофот.

Препелиќ и Калиниќ заедно искомбинираа 44 поени, Хермансон даде 17, дабл-дабл пак имаше Дубљевиќ (14 поени и 12 скокови).

Џејмс за „зборнаја“ уфрли 37 поени со 3 скокови, 7 асистенции, 4 украдени и 6 загубени топки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни