Евролига
Анадолу Ефес го понижи Химки, Макаби не дозволи нов пораз во Тел Авив (ВИДЕО)

Кошаркарите на Анадолу Ефес ја забележаа најубедливата победа на првите три средби од 20. коло во Евролигата.
Избраниците на Атаман на свој терен го прегазија составот на Химки со 99-60. Турскиот претставник доминираше, ги реши во своја корист сите четири четвртини и поради тоа имаше простор за сите играчи да настапат во Истанбул.
Санли со 19 беше најрасположен, додека Ларкин додаде 15 кошеви. Кај гостите се издвоија Мики со 14 и Швед со 13 поени.
Макаби Тел Авив пред неколку дена загуби од Олимпијакос, но против Басконија беше друга приказна, го искористи домашниот паркет и издвојува триумф од 91-82. Израелската гордост ја доби првата четвртина со 26-21 и потоа постојано водеше и имаше контрола на резултатот.
Хантер и Брајант беа автори на 14 поени, кај Басконија плејмејкерот Хенри реализираше 19 поени.
На третата средба Милано како гостин ја доби Алба во Берлин со 84-70.

- Англијапред 14 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 10 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Шпанијапред 22 часа
Искусниот стопер на Валенсија се расплака откако го прашаа какви чувства буди борбата за опстанок (Видео)
- Шпанијапред 24 часа
Играчот за врска на Севилја ја презентираше најпродуктивната техника за справување со Меси (Видео)
- Италијапред 8 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 14 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 12 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 23 часа
Одбрана на сезоната во Премиер лигата: Дубравка со вонсериски рефлекс во 92. минута го спаси Њукасл (Видео)