Поврзете се со нас

Евролига

Анадолу Ефес до трета победа против Реал и место на Ф4 турнирот

Објавено

на

Анадолу Ефес е вториот учесник на фајнл-фор турнирот на кошаркарската Евролига, а своето место го обезбеди со победа во четвртфиналната серија со Реал Мадрид.

Турскиот тим вечерва славеше на мајсторката со 88:83 и не дозволи целосен пресврт на шпанскиот великан, кој оствари две победи на домашен терен и се избори за решавачки натпревар во Истанбул.

Реал водеше на полувреме со резултат 36:41, но Анадолу Ефес се разбуди во третиот период во кој имаше и поубедлива предност, но го заврши со резултат 60:57.

Последниот период донесе неизвесна завршница, но за разлика од претходните две средби, сега турскиот состав беше подобар во финишот и на крајот си обезбеди мест на завршниот турнир.

Синглтон со 26 и Мициќ со 18 поени беа најефикасни кај победникот, додека во редовите на Реал Мадрид, Лапровитола го заврши дуелот со 17 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни