Ана Јаневска и Миа Блажевска Еминова соборија шест рекорди на митингот во Скопје!

mia blazevska eminova

Пливачкиот клуб „Бета“ изминатиот викенд успешно го организираше петтиот меѓународен пливачки натпревар „13. ноември“, на кој настапија преку 300 пливачи од вкупно 12 земји и тоа: Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Косово, Ирска, Чешка, Словенија, Италија, Босна и Херцеговина, Велика Британија и Грција.

За најуспешен клуб на овој натпревар беше прогласен домаќинот ПК „Бета“ со вкупно 85 медали од кои 37 златни, 25 сребрени и 23 бронзени, додека како најдобри пливачи беа Србинот Иван Ленѓер и Словенката Тјаша Возел.

Воедно беа поставени и шест нови македонски рекорди и тоа нов младински и апсолутен рекорд на Македонија во дисциплината 50 метри делфин со време 28,61 од страна на Ана Јаневска, како и пет рекорди во конкуренција за постари пионери од Миа Блажевска Еминова.
– 100 метри слободно со време 01.01,34 каде го подобри 20 години стариот рекорд на Весна Стојановска со време 01.01,50.
– во дисциплината 50 метри делфин го подобри рекордот со време 31,36,
– во дисциплината 100 метри мешано со време 1.11,72,
– во дисциплината 50 метри грбно со време 33,09 и
– во дисциплината 50 метри слободно со време 28,36.

За најуспешни пливачи по категории од нашиот клуб беа прогласени Мартин Стефановски, Ана Китановиќ и Миа Блажевска Еминова.

Facebook Коментари