АМС со покана до спортската јавност : Време е за ,,Избор на најдобрите”, дојдете да се дружиме заедно со спортистите (Фото)

Izbor na sportisti

Агенцијата за млади и спорт (АМС) ја најави традиционалната спортска манифестација  ,,Избор на спортисти” која ќе се одржи по 64.пат.

Како што информираат од АМС, се приближува денот за избор на најдобрите и македонската јавност ќе има можност да го проследи настанот каде ќе се собере  најдоброто од Македонскиот спорт, на едно место.

Категориите во кои ќе се изберат најдобрите се:

  1. Спортист на годината
  2. Спортистка на годината
  3. Млад спортист на годината
  4. Млада спортистка на годината
  5. Најуспешен машки национален тим
  6. Најуспешен женски национален тим
  7. Најуспешен спортист на лице со инвалидитет
  8. Најуспешен тренер/селектор
  9. Најуспешна национална спортска федерација
  10. Најуспешен спортски училишен тим од основните училишта
  11. Најуспешен спортски училишен тим од средните училишта
  12. Најуспешна спортски универзитетски тим од Универзитетите

Поканата е за сите љубители на македонскиот спорт да дојдате на 26.12.2018 година (СРЕДА) со почеток во 19 часот во хотел,,Александар Палас”.

Facebook Коментари