АМС ги објави номинациите за „Спортисти на годината“: Ги нема Антиќ, Лазаров, Ѓорческа…

pero-antic

Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации ги објавија номинациите за „Спортисти на годинита“ во Македонија, избор кој предивика коментари во домашната јавноста.

Една од категориите е „Спортист на годината“ за која кандидати се ракометарот Стојанче Стоилов, пливачот Евгеник Поп-Ацев, каратистот Берат Јакупи, фудбалерот Енис Барди и кикбоксерот Димитар Ѓорѓиев, но ги нема македонските легенди Перо Антиќ и Кирил Лазаров кои имаа одлични достигнувања во 2017.

Антиќ со Фенербахче дојде до круната во Евролигата, додека пак Лазаров меѓу другото беше најдобар стрелец на СП во Франција.

Кај дамите ги нема тенисерката Лина Ѓорческа која настапи на сите ВТА грен слем турнири и освои три фјучерси (сингл и дубл), а недостасува и Наташа Андонова која игра во одлична форма во дресот на Барселина. За ова признание ќе се борат Сара Ристовска (ракомет), Јовата Ѓорѓиева (карате), Нина Балабан (спортско стрелаштво), Анастасија Богдановски (пливање) и Анџелика Митрашиновиќ (кошарка).

Исто така во категоријата за наш најдобар тренер/селектор недостасува Илија Темелковски кој со младата македонска рапрезентација го освои шестото место на СП во Алжир.

1

2

Facebook Коментари