АМС ги објави имињата на 500 талентирани спортисти носители на стипендијата ,,Спортска Надеж”

agencija-za-mladi-i-sport-610x400

Спортот како потреба на секоја земја има доминантно место во интересите на државите, особено има големо влијание врз секојдневието на младите во насока кон правилен психофизички развој, како и превенција на младиот човек од зависностите и другте социо-патолошки појави.

Токму, грижејќи се за нивниот статус во општествениот и спортскиот живот, како темел за идно развивање на младиот човек,  Агенцијата за млади и спорт додели стипендии на 500 млади талентирани спортисти до 20 години, со цел талентираните спортисти да продолжат во процесот на градење на професионалниот лик како и во делот на создавање идни репрезентативци, кои во иднина ќе ги бранат боите на државата.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски изјави дека стипендистите се објавени во новиот број на ,,Службен Весник” и дополни дека институцијата со овие стипендии праќа јасна порака до младите, а тоа е дека државата се грижи за нивниот спортски развој.

– Сакаме да испратиме јасна порака до младите дека државата се грижи за нив и за нивниот спортски развој. Стимулот на младите од овој тип значи многу, особено ако се знае дека со овие средства можат да ги подмират своите издатоци во текот на спортувањето како што се поквалитетна исхрана, витамини, протеини, јаглехидрати, нова спортска опрема за тренинг, патики, дресови, итн. Токму стипендијата во износ од околу 4.500 денари месечно која младите спортисти ќе ја примаат во наредните 10 месеци, ќе им  овозможи подостоинствен тренажен процес, во кој мислите ќе им бидат насочени како да станат идни репрезентативци на Македонија, – изјави Каевски.

Листата можете да ја погледнете со кликнување ОВДЕ

 

 

Facebook Коментари