Поврзете се со нас

Свет

Амрабат со крвнички старт го покоси Винисиус, Родриго го прашуваше „дали има памет“ (Видео)

Објавено

на

Винисиус Жуниор навистина често е жртва на остри стартови од противниците во Шпанија и Европа, но таквиот тренд не се менува ниту на пријателски меч кој го игра за Бразил.

Ѕвездата на Реал Мадрид не можеше да му помогне на Бразил да избегне пораз на гостувањето во Тангер кај Мароко, селекција која покажа дека резултатите на Светското првенство не биле никакво изненадување.

Како и обично, одговорен за играта во средниот ред беше Софијан Амрабат, но играчот на Фиорентина се истакна и со своите деструктивни квалитети кои на моменти беа и преагресивни.

Амрабат во една ситуација во првиот дел крвнички стартуваше над Винисиус и буквално го покоси крилниот напаѓач, потег со кој предизвика мешаница на теренот.

Родриго веднаш застана во одбрана на својот пријател од Реал и го прашуваше Софијан „дали има памет“, а судијата одлучи да го реши проблемот со жолт картон. На стартот на вториот дел, Амрабат му се извини на Винисиус, по што фудбалерот на Реал покажа класа и го прифати истото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни