Поврзете се со нас

Англија

Аморим: Засрамувачки е да зборувам за ова како менаџер на Јунајтед, но…..

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед претрпе нов пораз и катастрофалното издание против Њукасл го донесе четвртиот неуспех во низа, учинок кој полека почнува да прави огромен притисок и за новиот менаџер.

Рубен Аморим не може да ја пронајде вистинската формула за да го подигне тимот кој претходно го водеше Ерик Тен Хаг, па иако звучи чудно, во овој момент тимот делува уште полошо и не престанува да тоне на табелата.

Јунајтед е на 14-то место и има само седум бода повеќе од Ипсвич кој е во опасната зона, факт кој ги натера новинарите да го запрашаат Португалецот дали е срамно едно име како Манчестер да се поврзува со борба за опстанок.

– Навистина е многу тешко да промените брзо некои работи, особено во вакви големи клубови. Потребно е време за да работите, а ние немаме доволно време.

– Засрамувачки е да зборуваме за опстанок, засрамувачки е да се спомене тој збор, но тоа е моја вина. Тимот не се подобрува, навистина изгледаме изгубено во овој момент. Засрамувачки е да бидете менаџер на Манчестер Јунајтед и да губите на толку многу натпревари. Ова е навистина тешко за прифаќање, но не смееме да се предадеме.

– Покажавме и некои позитивни знаци досега, но во последно време постојано губиме. Тоа се случуваше и претходно, во клуб од ваква магнитуда, тренерот се менува бидејќи не победува. Не победуваа и пред мене, овие играчи беа купени за да функционираат во одреден систем, но не го правеа тоа. Потребно е да променам многу работи и тоа е наједноставниот заклучок, – изјави Аморим по поразот од Њукасл со резултат 0:2.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни