Поврзете се со нас

Англија

Аморим за ужасната повреда на Лисандро: Ќе бидеме тука да му помогнеме (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед загуби од Кристал Палас на домашен терен и одново ги разочара своите навивачи, но истите имаа дополнителни причини за незадоволство во пресрет на завршниот дел од сезоната.

Лисандро Мартинез важи за најборбен и најенергичен играч во одбраната на Јунајтед, но како што стојат работите, Аргетинецот повторно ќе го чека долга пауза од терените.

Стоперот веќе имаше неколку тешки повреди како член на Јунајтед и тоа ја забави неговата адаптација во Англија, а денеска по се изгледа заработи тешка повреда на коленото.

Иако се уште нема никакви иницијални прогнози, претпоставките се дека Лисандро го скина предниот вкрстен лигамент, нешто што може да се предвиди од ужасното движење кое го имаше на коленото, но и болната реакција и солзите кои ги имаше Аргентинецот.

– Од тоа што го видов, станува збор за многу сериозна ситуација. Тој не само што е добар играч, тој е и фантастичен карактер во нашата соблекувална. Кога сте играч, чувствувате кога станува збор за нешто сериозно, а тој го почувствува тоа. Ќе бидеме тука за него без разлика на се, ќе бидеме тука да му помогнеме, – изјави Рубен Аморим.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни