Поврзете се со нас

Англија

Аморим за талентот на кој му овозможи премиерлигашко деби: Добивме вистински играч

Објавено

на

Foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед го ангажираше Ајден Хевен од Арсенал во текот на зимскиот преоден рок, па иако планот беше да се развива како дел од младинскиот тим, огромниот број проблеми во одбраната го натераа Рубен Аморим да му овозможи премиерлигашко деби.

Младиот 18-годишен стопер влезе во игра на местото на Лени Јоро и го одигра второто полувреме на „Олд Трафорд“, и тоа против играчите со кои тренираше заедно до пред извесно време.

Хевен доби шанса за деби во Премиер лигата против својот поранешен клуб, а бидејќи покажа навистина добри перформанси за 45-те минути  кои го мина на теренот, талентираниот стопер доби пофалби и од Рубен Аморим.

– Ајден е премногу релаксиран, мислам дека одигра многу добро во второто полувреме. Беше сигурен со топката во своите нозе, беше релаксиран и доволно агресивен.

– Мислам дека добивме вистински играч во него за во иднина. Поседува голем потенцијал, но мора да го исконтролираме, да му кажеме дека ова беше само еден натпревар и дека има уште многу за учење, – изјави Аморим по ремито со резултат 1:1.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни