Поврзете се со нас

Англија

Аморим за ситуацијата во Јунајтед: Имаме проблем…

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед му гостува на Тотенхем овој викенд во дуелот на два клуба од кои се очекуваше многу повеќе во оваа сезона од 13 и 14 место во Премиер лигата.

Бодовите се повеќе од потребни за двата состави и поради тоа се очекува да биде интересно, возбудливо од првата до последната минута. Меѓутоа пред овој дуел менаџерот на „црвените ѓаволи“ Рубен Аморим даде една загрижувачка изјава, изјава која говори дека клубот тешко ќе може да се врати на победнички патеки и по оваа сезона затоа што ќе нема средства на располагање, односно пред да биде активен ќе мора некого да продаде.

-Наш најголем проблем сега е Тотенхем. Знаеме со моментот на клубот, морам да ги разберам овие проблеми, но тој проблем не е нов. Ги знаеte правилата на (финансискиот) фер-плеј, имаме проблем во моментов, но мојот фокус е на тоа, а не на другите работи.

-Овде е едноставно, да направиме нешто треба да продадеме играчи. Мојот фокус е да го подготвам натпреварот. Прозорецот е затворен и мораме да се фокусираме на следниот натпревар, а потоа ќе видиме во текот на летото, -порача Аморим.

Јунајтед во зимскиот преоден рок ги испрати на позајмица Рашфорд, Маласија и Антони, а ги доведе Дорги и Хевен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни