Англија
Аморим за опцијата Сити: Ова беше…
Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед ќе ги одмерат силите во неделното дерби во Премиер лигата закажано за 17:30 часот.
Ова е средба на две екипи кои не се во посакуваната форма особено домаќините кои се актуелни шампиони, бранители на титулата и сигурно ќе се обидат со помош на своите навивачи да го срушат ривалот кој пак од друга страна си има свои планови, шанси на средбата на „Итихад“.
Рубен Аморим од неодамна ги води „црвените ѓаволи“, но претходно тој беше поврзуван со Манчестер Сити, односно медиумите го најавуваа како потенцијален наследник на Пеп Гвардиола пред Шпанецот да стави потпис на новиот договор со Сити.
Јасно е дека низ медиумите, социјалните мрежи кружат многу вести, а колку Аморим бил блиску до можно преземање на „граѓаните“ говори изјавата која ја даде на темава пред престојната градска пресметка.
-Никогаш. Никогаш не сум добил повик од нив и ова беше мојата единствена опција. Кога Манчестер Јунајтед разговараше со мене, не се сомневав. Веќе имав нешто во мојот ум дека [работата во Јунајтед] може да биде можност. Со Манчестер Сити или Виана? Ништо за тоа, -истакна Португалецот.
-
Светски првенства23 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Светски првенства11 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Светски првенства11 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија11 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Италија20 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Шпанија17 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Македонија23 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија22 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)