Поврзете се со нас

Англија

Аморим за одлуката да ги елиминира Рашфорд и Гарначо: Внимавам и на најмалите детали

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед денеска го игра градското дерби со Манчестер Сити, а менаџерот Рубен Аморим отвори дебата со одлуката да не ги вклучи Маркус Рашфорд и Алехандро Гарначо во составот на гостинската екипа.

Очекувано беше дека крилните напаѓачи ќе бидат барем на клупата, но на крајот извисија целосно, а Португалецот ја објаснил одлуката пред почетокот на дуелот со Сити.

– Пробуваме да ги евалуираме сите детали, перформансите на тренинзите, на натпреварите, вклопувањето со соиграчите и друго.

– Тоа е мојот избор и многу е едноставно.

– Не сакам да испратам некаква порака, тоа е едноставна евалуација, а фудбалерите се интелигентни и го разбираат мојот потег. Мораме да победуваме, ситуацијата не е лесна, а јас обрнувам внимание на секој детаљ, вклучувајќи како јадат, како се облекуваат пред натпревар, ништо не пропуштам. Имавме комуникација по последниот тренинг, – рекол Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни