Поврзете се со нас

Англија

Аморим за неочекуваниот потрес во Јунајтед: Еден човек не менува ништо

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим пристигна во Манчестер Јунајтед на почетокот на месец ноември и зад себе ги остави првите 30 дена како менаџер на „црвените ѓаволи“, период во кој полека се навикнува на новата средина, новата култура и новите играчи, но во тоа време брзо се соочи со реалноста и сфати дека има голема работа пред себе.

Португалскиот стручњак најави дека големите работи не доаѓаат преку ноќ и побара трпение и смиреност од страна на навивачите на клубот, а во ист тренд продолжува и во денови кога владее голема конфузија поради неочекуваниот потрес во клубот.

Сер Џим Ретклиф брзо се ослободи од Дан Ешворт за кого напорно работеше да стане спортски директор, а оваа изненадувачка одлука носи нови турбуленции и поставува прашања дали клубот навистина се движи во вистински правец.

Рубен Аморим како човек кој беше пречекан токму од Ешворт се најде во незгодна ситуација да дава коментари на оваа тема, но сепак направи исклучок и нагласи дека еден човек не може да промени ништо во еден така голем фудбалски клуб.

– Од првиот ден кога сум тука, имав голема поддршка од раководството, од сите директори. Дан беше дел од директорскиот тим и навистина чувствував голема поддршка од него. Но, тоа е фудбалот и вакви работи се случуваат. Тоа се случува со играчи, со тренери, но и со директори.

– Знам дека ова не е најдобра атмосфера и ситуација за тимот, но најважно е да продолжиме по патот по кој тргнавме. Патот останува кристално јасен за сите, а за жал вакви работи се случуваат во фудбалот. Заминувањето на еден човек не менува ништо, еден човек не може да направи ништо во еден голем клуб. Од човечка гледна точка, оваа ситуација секако дека не влијае добро, но визијата мора да остане иста. Не смеат работите да се пореметат ако си оди еден човек и така треба да гледаме на ова, – вели Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни