Поврзете се со нас

Англија

Аморим за критиките на газда Ретклиф: Наше е да му го промениме ставот

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Косопственикот на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, испорача јавни критики за фудбалерите на англискиот великан, потенцирајќи дека дел од нив се преплатени и играат недоволно добро.

Ретклиф гостуваше во подкастот на Гери Невил и не крие дека очекува подигнување на нивото на поголем дел од актуелните членови на Јунајтед, а менаџерот Рубен Аморим смета дека негова и задача на фудбалерите е да го убедат Ретклиф во спротивното.

– Ако бидеме искрени, во моментов сите, вклучувајќи ме и мене и сите фудбалери, сме под очекуваното ниво. Но, тоа можеме да го промениме.

– Многу луѓе ги критикуваат фудбалери, велат дека и јас не сум доволно добар за клубот, но сметам дека тоа може да се промени со резултати. На тренинг чувствувам дека посакуваат такво нешто, – изјавил Аморим.

– Зборуваме за врвни играчи, еве да го земеме Касемиро за пример. Тој освои се што можеше и знаеме дека ваков тип играчи можат многу подобро. Ретклиф беше искрен за оваа работа и ние ќе се фокусираме да му го промениме мислењето, исто како и тоа на фановите, – рекол Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни