Поврзете се со нас

Англија

Аморим за извонредното крило на Спортинг: Би го земал со мене на било кое место

Објавено

на

Foto:x.com/SportingCP

Рубен Аморим вечерва за последен пат ќе го води Спортинг Лисабон на еден натпревар, а тоа ќе биде дерби дуел на гостувањето кај Брага.

Португалскиот стручњак посакува да ја заврши својата авантура со уште една победа за актуелниот шампион, по што полека ќе почне да се пакува и да се подготвува за она што следи, големиот премин во Манчестер Јунајтед.

Планот е Аморим да стартува со работа уште утре, а пред да пристигне на „Олд Трафорд“, Рубен повторно зборуваше за играчите на Спортинг кој можат добро да се вклопат во Манчестер Јунајтед.

Аморим веќе нагласи дека нема да го ослаби Спортинг во јануари и дека нема да купи ниту еден досегашен играч, па иако фокусот посебно се стави на Виктор Ѓекереш, Португалецот сега го издвои и Педро Гонсалвеш.

– Реков дека нема да купувам никој од Спортинг во јануари, за летото не можам да знам од сега. Прва цел е да издржиме до лето, Спортинг има многу добри играчи, не можам да кажам ништо повеќе за во иднина.

– Гонсалвеш? Тој може да игра во секој тим во светот, тој е навистина одличен фудбалер. Би го земал било каде со мене, покрај тоа што е добар, тој е и многу смешен. Во моментов треба да се фокусира на Спортинг, овој тим мора да остане шампион. За потоа ќе видиме, Педро може да игра во било кој тим во светот, – изјави Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни