Поврзете се со нас

Англија

Аморим за изградената традиција во Англија: Не ми е гајле за Божиќ, фокусиран сум само на една работа (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Божиќните празници обично минуваат во релаксираната атмосфера и тоа е период од годината во кој на прво место се става семејството, традиција која сепак не преовладува и во Англија каде традиционално се игра фудбал за „Боксинг Деј“.

Во период кога сите се подготвуваат за Бадниковата вечера и Божиќ, премиерлигашките се подготвуваат за колото кое се игра на „Боксинг Деј“, а Манчестер Јунајтед во четвртот ќе игра на гостински терен против еден од најслабите тимови во лигата.

Вулверхемптон ќе ги одмери силите со тимот на Рубен Аморим, а португалскиот стручњак нагласи дека воопшто не му е грижа за Божиќ и се што е поврзано со празникот, бидејќи единствен фокус му е да излезе на крај со „волците“.

– Не ми е гајле за Божиќ, единствено што сакам е да оствариме победа. Фокусиран сум само на една работа, а тоа е да победиме на следниот меч.

– Тоа е единственото кое ме интересира и кое ме засега во овој период. Знам дека овој празничен период е фантастичен за навивачите, а ние сме привилегирани што со игра можеме дополнително да ги израдуваме. Ќе играме на „Боксинг деј“ и можеме да донесеме среќа за нив, целта е да запишеме уште една победа, – изјави Аморим кој својата авантура во Манчестер Јунајтед ја почна до доста променливи резултати, односно со четири победи, четири порази и едно реми.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни