Англија
Аморим за играчот што го селат во Италија: Тој има иднина во Јунајтед

Манчестер Јунајтед по одличните два резултати против Ливерпул и Арсенал и тоа на „Енфилд Роуд“ и „Емирејтс“ има меч на домашен терен против Саутемптон, меч на кој е вистински предизвик без разлика што „светците“ се најслабиот тим во Премиер лигата.
Познато е дека „црвените ѓаволи“ знаат да губат бодови на вакви соочувања и да не го оправдаат статусот на фаворити, па ќе биде интересно да се види каков ќе биде одговорот на некогашниот англиски шампион.
Менаџерот Рубен Аморим знае што го очекува, но во исто време ова беше добра можжност да одговори на едно важно прашање, тоа е иднината на Алехандро Гарначо. Аргентинецот е интересен за калчолигашот Наполи кој во него гледа идеална замена за Хвича Кварацхелија кој се сели во ПСЖ.
-Дали има иднина во Јунајтед? Тоа е јасно. Има талент. Тој го наоѓа најдобриот начин да игра во овој систем. Тој се подобрува за време на тренинзите. Тој го започна последниот натпревар. Ќе видиме против Саутемптон. Мислам дека го промени начинот на кој се гледа себеси, -истакна Португалецот.
Офанзивецот има договот до 30 јуни 2028 година.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет11 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија23 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Англија23 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)