Поврзете се со нас

Англија

Аморим за фрустрираната ѕвезда на Јунајтед: Мора да сфати дека треба да работи без да ја допре топката

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед едвај успеа да го победи Лестер и тоа го направи со огромна помош од судиите, бидејќи Хари Мегваер постигна победнички гол од чист офсајд.

Изостанокот на ВАР во четвртото коло во ФА Купот направи да нема прегледување на акцијата и Јунајтед победи со 2:1, но генералниот впечаток беше дека „ѓаволите“ одиграа уште еден лош натпревар.

Тоа го призна и Рубен Аморим во своето прво излагање по мечот, а подоцна на прес-конференцијата ги коментирал и фрустрирачките реакции на Расмус Хојлунд кој нервозно реагираше на некои пропуштени шанси.

– Хојлунд треба да сфати дека понекогаш треба да работи за тимот без да ја допре топката. Не смее да покажува фрустрации, бидејќи во следниот напад може да има ситуација за гол. Мора да остане мирен.

– Знам дека поседува голем карактер, но како напаѓач тој сака да постигнува голови. За да функционира еден напаѓач, треба да добива добри топки од своите соиграчи, а ние како тим не им помагаме на нашите напаѓачи во последно време, – изјави Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни