Англија
Аморим воочи еден проблем на „Олд Трафорд“: Видов немир уште при првата акција
Манчестер Јунајтед пред една недела ги натера своите навивачи да заборават на сите непријатни моменти со драматичната победа остварена над Манчестер Сити, но во краток временски интервал, „ѓаволите“ повторно го покажаа своето најлошо лице.
Поразот од Тотенхем во Карабао Купот беше надополнет со разочарувачко издание на домашен терен против Борнмут, а по засрамувачкиот пораз од 0:3, менаџерот Рубен Аморим образложи дека воочил еден голем проблем на „Олд Трафорд“ уште при првата акција.
Според Португалецот, играчите на Јунајтед немаат олеснителни околности кога играат на домашен терен, од едноставна причина што навивачите се толку повредени и огорчени од лошата динамика на клубот, при што нервозата доаѓа до израз уште во почетните минути.
– Станува збор за психолошки момент, но тука не мислам само на играчите, туку и на фановите. Уште при првата акција, уште при првиот гол-аут на Онана навивачите станаа нервозни и видов немир кај нив. Очигледно е дека сите во клубот сакаат промена, но промените не доаѓаат брзо. Ваквата атмосфера од трибините се пренесува на теренот и работите стануваат посложени.
– Ние бевме тимот кој повеќе напаѓаше, ние бевме тимот кој имаше повеќе посед, но не знаеме да ги користиме шансите. Противникот го правеше тоа и работите станаа многу тешки за нас. Навистина е многу тешко еден голем клуб како Јунајтед да губи 0:3 на домашен терен. Јасно ми е дека навивачите се изморени и разочарани, го почувствував тоа овојпат уште во првата акција од мечот. За жал, динамиката е таква и мора да се помириме со тоа, мора да се обидеме да го промениме тоа, – вели Аморим.
-
Англија22 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП16 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија15 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија15 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација18 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија19 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Италија14 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан