Англија
Аморим: Во Јунајтед нема да добијам време како Артета во Арсенал

Манчестер Јунајтед утре го пречекува Арсенал во натпревар кој ќе привлече посебно внимание меѓу фановите и покрај различните позиции на табелата на двете екипи.
Менаџерот на домаќините, Рубен Аморим, на последната прес-конференција зборувал за своите амбиции да го врати Јунајтед на премиерлигашкиот врв, но и самиот е свесен дека не може да се надева дека ќе добие време како Микел Артета во Арсенал.
Шпанецот ги врати „топчиите“ меѓу водечките англиски екипи, но ова е петта сезона во која не успеа да донесе ниту еден трофеј.
– Сигурно нема да добијам време какво што доби Артета.
– Го чувствувам тоа. Ова е поинаков клуб, мислам дека работата на Артета може да биде инспирација за тренерите, но јас нема да добијам толку време, – вели Португалецот.
Во пресрет на дербито тој признал дека повредите и заморот му создаваат проблеми, посебно што во четврток следува и многу важниот дуел со Реал Сосиедад.
– Мора да преживееме во недела. Екипата беше преморена во последните 20 минути на дуелот со Реал Сосиедад, мора да се подготвуваме за Арсенал и да размислуваме и за многу важниот натпревар во четврток. Се обидуваме да сметаме на фудбалерите кои се посвежи и не ризикуваат повреди, мора да бидеме достоен ривал во недела, – рекол Аморим.
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет24 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија23 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Шпанија10 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона