Англија
Аморим веќе стравува за својата работа во Јунајтед: Знам која е реалноста…
Манчестер Јунајтед и понатаму се мачи со играта, резултатите и може да се заклучи дека промената на менаџерот не донесе нова енергија, ветришта во досегашниот престој на Рубен Аморим на „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ се во серија од три порази (Тотенхем, Борнмут и Вулверхемптон), а пред нив се три тешки натпревари против Њукасл, Ливерпул и Арсенал, па менаџерот Аморим дефинитивно почнува да го чувствува притисокот иако е на сегашната функција од месец ноември.
-На менаџерот на Манчестер Јунајтед никогаш, без разлика на се, не може да му биде удобно. Знам дека ако не победиме, без разлика дали ќе активираат клаузула [за мене] или не, знам дека секој менаџер е во опасност и тоа ми се допаѓа бидејќи тоа е работата, па го разбирам прашањето. Може да дебатирате дека сум тука еден месец и имав четири тренинзи [сесии], но не победуваме. Тоа е реалноста и тоа го разбирам, -вели Португалецот кој не знае колку време ќе му биде потребно за да успее.
-На идејата и треба време.Ви кажав претходно дека ова ќе биде тежок момент и далеку сме од крајот на овој момент и тоа е тоа. Мора да продолжиме и да се фокусираме на следниот натпревар. Немам поим. Немам идеја. Наместо јас да се обидувам да разберам колку време ќе биде потребно, одиме ден за ден.
-Подобрување, обид за гледање видеа, искористување на секоја минута од тренингот и обид за освојување бодови затоа што е навистина важно во овој момент, -подвлече стратегот.
-
Англија23 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП17 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Германија20 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Италија15 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан