Поврзете се со нас

Англија

Аморим уште не пристигнал во Јунајтед, а веќе дозна што го чека со напорните англиски новинари (Видео)

Објавено

на

foto: x.com/SportingCP

Рубен Аморим си подаде рака со Манчестер Јунајтед и ќе пристигне во Карингтон центарот наредниот понеделник, но дотогаш најави дека максимално професионално ќе си ја доработи својата задача во Спортинг Лисабон.

Младиот стручњак ги одработува последните два меча како предводник на португалскиот шампион, а првиот е оној против Манчестер Сити во Лигата на шампиони.

Спортинг вечерва на домашен терен ќе го пречека актуелниот англиски првак, па во ситуација кога Аморим одработуваше професионално и одговараше само на протугалски, се најде еден новинар кој се обиде да го извади од рамнотежа.

Англискиот новинар од „Скај Спортс“ во неколку наврати го тераше Аморим да даде одговор на англиски јазик, па иако навистина инсистираше, Рубен љубезно се извинуваше и остана доследен на своите уверувања.

Ова дефинитивно беше мала подготовка за тоа што го чека, бидејќи напорните англиски новинари често знаат да претераат и да влијаат негативно врз работата на еден менаџер, особено ако резултатите не одат онака какошто треба.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни