Поврзете се со нас

Англија

Аморим соопшти одлична вест за Диало, но ја разреши и иднината на Мегваер во Јунајтед

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим ја искористи најавата за големото дерби со Ливерпул за да соопшти две важни вести за навивачите на Манчестер Јунајтед, од кои една е поврзана за најдобриот играч во првиот тим во последно време.

Амад Диало е убедливо најактивен во Јунајтед по доаѓањето на Рубен Аморим и со прикажаните изданија дефинитивно се избори за продолжување на соработката, особено ако се знае дека неговиот актуелен договор истекува на крајот на месец јуни.

Јунајтед ризикуваше да го загуби талентираното крило во случај преговорите да тргнат во погрешен правец, но Аморим тврди дека операцијата сега е пред самиот крај, исто како што е случај и со Хари Мегваер.

– Амад е многу блиску до нов договор, а со Мегваер ќе се вклучи опцијата за продолжување на договорот за уште една сезона.

– Разговарав со Мегваер и очекувам од него дополнително да ја поправи својата игра на теренот. Играч со такви карактеристики ни е потребен во овој момент, потребен ни е лидер. Знаеме низ каква ситуација мина тука, но навистина ни е потребен во овој момент и затоа ќе ја вклучиме опцијата која автоматски го продолжува неговиот договор за уште една сезона. Се соочи со доста непријатни работи во Јунајтед, а во овој момент потребни ни се играчи кои се гладни да бидат лидери. Тој е лидер и среќни сме што ќе продолжи со нас, – изјави Аморим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни