Англија
Аморим со ветување до навивачите на Јунајтед: Во иднина нема да играме вака

Манчестер Јунајтед беше подиректен тим во големото дерби против Арсенал и ги имаше подобрите шанси за победа, но на крајот тимот на Рубен Аморим мораше да се задоволи само со реми од 1:1.
Давид Раја беше главната причина поради која „црвените ѓаволи“ останаа без триумф, но без оглед на пропуштените шанси, Аморим призна дека најчесто Арсенал бил тој којшто се прашувал за ритамот на натпреварот, нешто што не сака да го гледа од својот тим во иднина.
Играчите на Јунајтед добиваа свирежи од трибините поради дефанзивниот пристап кој го имаа особено во првото полувреме, па Аморим како менаџер им вети на навивачите дека во иднина ќе се погрижи тимот да не игра таков фудбал.
– Игравме со низок блок, особено во првото полувреме и цело време ја препуштавме топката на противникот. Покажавме тимски дух и тоа е добро, но кога играте така како играчи на Јунајтед, нормално е да има фрустрација на трибините. Сите сфативме дека навивачите се фрустрирани во првиот дел.
– Кога сте тренер на Манчестер Јунајтед, не може да негувате таква игра, мора да нагазите и да одите по победа. Сепак, во оваа фаза од развојот на тимот, мора да се справуваме и со работи кои не се баш популарни. Сакам да им дадеме многу повеќе на фановите, ги уверувам дека во иднина нема да играме вака, – изјави Аморим.
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија10 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 111 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)