Поврзете се со нас

Англија

Аморим со совет до незаменливиот стартер кој е во очајна форма: Заборави на минатото и подготви се за иднината

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Рубен Аморим не може да се пофали дека располага со посебно расположени играчи во Манчестер Јунајтед, бидејќи во изминатите четири месеци како предводник на „ѓаволите“, Португалецот се изнагледа нависитна чудни и необични ситуации во Премиер лигата.

Доскорешниот тренер на Спортинг Лисабон дефинитивно ќе прави голема чиста во летниот преоден рок и ќе мора сериозно да го освежи актуелниот тим, а едно од прашањата кои најчесто се поставуваат во последно време е она поврзано за Андре Онана.

Камерунецот за кого беше вложена голема сума на пари имаше добар старт на втората сезона во Манчестер Јунајтед, но во последно време брани во очајна форма и беше виновен за неколку голови кои ги прими неговиот тим.

Дел од легендите на клубот веруваат дека Јунајтед никогаш нема да се бори за титулите со голман како Онана, а во период кога единствена цел е да се има што е можно помирен крај на сезоната, Аморим има само еден совет за својот голман.

– Онана имаше неколку тешки моменти во последно време. Оваа сезона имаше некои клучни интервенции кои го спасуваа нашиот тим, но потоа имаше и одредени проблеми. Но, ако се погледне целокупно, имаме повеќе играчи со слични проблеми во текот на сезоната, сметам дека тоа е така бидејќи не сме толку добри како тим.

– Многумина зборуваат дека е виновен за голот на Ипсвич, но ние мора да му дадеме поддршка на Андре. Јас го поддржуваме него, но и сите останати играчи. Треба да заборави на минатото и да се подготви за иднината, – изјави Аморим.

Јунајтед денеска игра натпревар против Фулам во петтата рунда на ФА Купот, средба на која тимот на Аморим ќе брка пласман во четвртфиналето како бранител на титулата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни