Англија
Аморим со нова порака за Рашфорд: За мене е многу едноставно…

Маркус Рашфорд и понатаму е една од темите за кои се зборува кога е во прашање Манчестер Јунајтед иако напаѓачот веќе некое време е „замрзнат“ од менаџерот Рубен Аморим.
Од средбата со Плзен во Лига Европа, повремениот англиски репрезентативец нема одиграно ниту еден меч за премиерлигашот, а воедно само еднаш се најде на клупата за резерви во целиот овој период.
Иако се поврзуваше со повеќе клубови, тој за сега се уште е во Јунајтед и како што стојат работите се поблиску е и да остане во сегашната средина до крајот на кампањата, но дали ќе добие шанса за ново докажување тоа е друго прашање.
Аморим во неколку наврати испрати „отровни стрели“ кон него, па дури и порача дека попрво би му дал шанса на 63-годишниот тренер на голманите откако на Маркус што секако донесе различни реакции во јавноста. Португалецот како да сфати дека претера во таа ситуација и сега одново ја отвори вратата за Рашфорд, поточно ја префрли топката на негов терен.
-Замислете талент како Рашфорд, нашиот тим треба да биде многу подобар со Рашфорд. Ама Рашфорд мора да се промени. Ако се смени, ние сме повеќе од добредојдени да ставиме талент како Рашфорд [во тимот], и тоа ни треба! Но, во овој момент, мислам дека е навистина јасно дека треба да поставиме некои стандарди. Значи, го чекаме Маркус, ако тоа го сака навистина, многу. Ништо не е лично. Немам ништо против Маркус, само морам да ги имам истите правила за сите, за мене тоа е толку едноставно, -порача Португалецот.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот