Поврзете се со нас

Англија

Аморим со една фраза ги воодушеви навивачите на Јунајтед по драмата против Сити (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Рубен Аморим во краток временски интервал успеа да оствари две победи против Пеп Гвардиола, најпрво како тренер на Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите, но вчера и како менаџер на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

Португалскиот стручњак извојува втор триумф над постариот колега на крајно драматичен начин, бидејќи неговите фудбалери постигнаа два гола за пресврт во самата завршница кој им донесе триумф од 1:2.

Во својата анализа за дербито, Аморим говореше за менталитетот и карактерот кој го покажа неговиот тим на тешкото гостување, но при завршување на едно од интервјуата по крајот на дербито, се јави со фраза која ги воодушеви навивачите на Јунајтед.

– Манчестер е црвен, бил и секогаш ќе биде, – порача Аморим.

Новиот менаџер на Јунајтед со вчерашниот триумф ја врза втората победа на гостински терен, бидејќи во четвртокот неговиот тим направи идентичен пресврт и против Викторија Плзе во Лига Европа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни