Поврзете се со нас

Англија

Аморим: Руд е легенда на Јунајтед, морам да разговарам со него

Објавено

на

Foto:x.com/SportingCP

Рубен Аморим го заврши своето поглавје како тренер на Спортинг Лисабон со луд и несекојдневен натпревар, но најважно за него е што оваа авантура ја заокружи со нова победа.

Актуелниот шампион губеше 2:0 на гостувањето кај Брага и со овој резултат се замина на полувреме, но избраниците на Аморим имаа подготвено одговор во вториот дел кој беше спектакуларен.

Гостите со четири гола во мрежата на Брага се погрижија за најдобро испраќање на својот тренер, кој веќе денеска ќе отпочне преговори за тоа како ќе го води Манчестер Јунајтед, и дали воопшто ќе смета на Руд Ван Нистелрој кој запиша три победи на четирите меча како привремен менаџер.

– Руд е легенда на Манчестер Јунајтед и тој заврши одлична работа на четирите меча. Ќе мора да разговарам со него утре (денеска), потоа ќе ја објаснам секоја моја одлука. Јас секогаш сум многу јасен и ќе ви кажам како стојат работите. Да почекаме до утре и ќе знаете повеќе, – изјави вчера Аморим по брилијантниот пресврт на Спортинг.

Планот на Аморим е да почне со работа во Карингтон уште денеска, а една од првите одлуки кои ќе ги донесе ќе биде поврзана за иднината на Ван Нистелрој како помошник тренер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни